Свет 328306-michael-buble

14 февруари, 2013

Наскоро нова музика од Мајкл Бубле

Ако Мараја Кери е модерната Божиќна кралица, тогаш канадскиот пејач Мајкл Бубле е Кралот на празниците, особено откако неговиот празничен албум „Christmas“ од 2011 година го докажа тоа, останувајќи две години со ред како еден од најпродаваните празнични изданија. Но, да не заборавиме дека Бубле успешно плови и во светот на поп музиката, а неговиот албум „Crazy Love“ (каде што се најде и хитот „Haven’t Met You Yet“) од 2009 година ја освои престижната Греми награда.

Тој вчера ги израдува неговите фанови со еден краток видео клип со кој најавува нова музика, а неговиот шести студиски албум, на кој ќе се најде и дуетот со актерката Риз Витерспун, може да се очекува во текот на оваа година. Иако за сега не е познато ни кој сингл ќе го најави новото издание, ниту пак насловот на истото, на крајот од видеото пишува само „New Music Is Coming…“ 

Според фотографиите кои се објавени на официјалната фан страница на фејсбук, Мајкл веројатно ќе го лансира новиот сингл заедно со видео запис, а на 21-ви април тој ќе биде во улога на водител на доделувањето на Џуно наградите, кои се најголемите музички награди во Канада.

 

На Британските музички награди кои ќе се одржат на 20-ти февруари, Бубле е номиниран во категоријата Најдобар интернационален соло изведувач. Уште една новост поврзана со канадскиот пејач е тоа што тој и неговата сопруга Луисана Лопилато (која ја паметиме како Миа Колучи од „Млади бунтовници“) го очекуваат нивното прво дете.



Врати се горе ↑