Македонија 427188_336790546439365_171396161_n

14 јуни, 2013

Наскоро нов сингл од Симона Попоска

Симона Попоска работи на новиот сингл кој наскоро треба да излезе, како најава за деби албумот, пренесува Вечер. Станува збор за песна која ќе го има препознатливиот романски ритам, а ќе биде испеана на англиски јазик и испромовирана надвор од нашите граници.

„Заедно со “Саунд месенџерс” со кои настапувам веќе извесен период, решивме да подготвиме сингл за кој верувам дека ќе биде вистински хит. Станува збор за летна и певлива песна која, за жал, нема да добие македонска верзија, но сигурна сум дека публиката одлично ќе ја прифати“ – изјави ексклузивката на Горила продукција, чија агенда на настапи периодов е фул.

The-Sound-Messengers е новиот бран на урбаниот звук, совршен спој на електронска музика, саксофон и силен вокал. Симона, заедно со познатиот диџеј и радио водител Ерик Фокс и Макс Сакс веќе извесен период се виновни за одлични забави ширум државата, а како звучи овој состав можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑