Свет Miley-Cyrus-Snoop-Dog

22 март, 2013

Наскоро нов сингл од Мајли Сајрус и Снуп Дог

Како што пренесува магазинот Idolator, утрово за време на гостувањето во емисијата On Air With Ryan Seacrest, Мајли Сајрус најавила дека наскоро ќе слушнеме нова музика од неа. Веќе е познато дека за новиот албум соработува со голем дел од светот на рап и хип хоп музиката, како што се артистите Мик Мил, Виз Калифа, Тајлер Креаторот, а Фарел Вилијамс е еден од главните продуценти на ова издание, за кое изјави дека „ќе ги изненади сите“. 

Но, она што привлече најголемо внимание од нејзиното гостување утринава, е тоа што новиот сингл кој ќе го слушнеме наскоро, ќе биде во соработка со Снуп Дог: „Направив песна со Снуп и ќе пристигне многу наскоро.“ – изјавила Сајрус. Нам ни останува да почекаме и да видиме каков ќе биде финалниот производ од оваа необична соработка.

 



Врати се горе ↑