Македонија

22 февруари, 2013

Наскоро нов сингл од Дани

На почетокот на месецов Дани го промовираше видео записот за темата „Never Give Up“, во соработка со Karim Kamel од Египет и  Si Lemhaf од Тунис – сите тројца амбасадори на Y-Peer светска мрежа за борба против сида. А сега за месец март се подготвува нов сингл кој ќе го најави нејзиниот нов албум, чија промоција најверојатно ќе биде по летото.

„Заедно со бендот подготвуваме сингл, а богами и албум, но опуштено, без форсирање. Тапа е целиов период, па сè што пробуваме да направиме е да се издигнеме над смогов со опуштена музика во домашна атмосфера. Ќе извадиме сингл следниот месец кога ќе биде готово и видеото за кое е задолжен Психоо“ – изјавила Дани за Вечер, додавајќи дека периодов навистина не се случува ништо забавно.

Извор: Вечер



Врати се горе ↑