Свет BRITNEY-WORK-BITCH-SINGLE-COVER1

13 септември, 2013

Наскоро нов сингл од Бритни: „Work B**ch“ ќе стигне следната недела

Поп принцезата Бритни Спирс во изминатиот период вредно работеше на нејзиниот осми студиски албум, а за само неколку дена ќе пристигне и првиот сингл од новото издание. Станува збор за темата насловена „Work B*tch“, а интересно е тоа што како автори се потпишуваат шведскиот диџеј и продуцент Себастијан Ингросо, кој е најпознат и како дел од триото Свидиш Хаус Мафиа, неговиот сограѓанин, шведскиот хаус диџеј Ото Ноус, ирската продуцентка и текстописец Рут-Ен Канингам, Ентони Престон и секако Вил Ај Ем, кој е и извршен продуцент на новиот албум на Спирс.

Новиот сингл е закажан за 17-ти овој месец, а новото сè уште неименувано издание ќе го наследи „Femme Fatale“ од 2011 година. Последниот сингл со кој пејачката беше актуелна на топ листите, беше соработката со Вил Ај Ем за темата „Scream & Shout“, како и темата „Oh La La“ која ја сними за второто продолжение на „Штрумфовите“.

 



Врати се горе ↑