Македонија beni-shakiri

19 август, 2013

Наскоро нов сингл од Бени и „Нон стоп“

Бени од „Нон стоп“ и покрај активното лето и многуте настапи низ земјава, сепак успеа да најде време и да склопи нова песна чија промоција се очекува да се случи наскоро, пренесува Вечер„Подготвив нешто ново. Инспирацијата ми дојде сосема случајно, додека чекав на семафори, во автомобил. Набрзина ја зачував мелодијата во телефон и пред извесен период додека седевме во студио им ја пуштив на момците од Нон стоп и им се допадна. Треба само да ја доработиме песната и наскоро верувам дека ќе биде испромовирана“, вели Бени.

Случајната и моментална инспирација се секојдневие за рокерот кој ултра познатите „По навика“, „Сам“ и „Дај ма пиши ми“ ги има напишано за само десетина минути: „Или имаш инспирација или немаш. Таа доаѓа за момент, веднаш го пишуваш тоа што те обземало, и готово е, веќе имаш хит во рака. Така е со сите ултра познати песни, на тој начин создаваат музика сите славни музичари“, појаснува Шаќири.

По подолга музичка пауза и издавањето на албумот „Лектира“ ова ќе биде прв сингл на Бени. Додека го очекуваме новиот сингл, уживајте со големиот хит „Дај ма пиши ми“.

 



Врати се горе ↑