Македонија

27 мај, 2019

Наскоро нов сингл и видео од ДНК

Ар-ен-би дуото ДНК пред само еден месец го претстави новиот сингл „Ромео и Јулија“, чие контроверзно видео крена голема прашина во македонската јавност, но момците секако дека не застануваат тука. Имено, Андреј и Панчо продолжуваат да работат со полна пареа и на нов материјал, па наскоро ќе имаме можност да слушнеме и видиме што ни подготвуваат деновиве.

Storyboard… 🎥🎬🎨 New masterpiece coming soon🙏#storyboard #screenplay #newvideo #professional #cinematographer #director #preparationDirected by Daniel Joveski

Gepostet von DNK am Samstag, 25. Mai 2019

 

Според споделените фотографии на социјалните мрежи, новиот сингл ќе го носи насловот „Горе или доле“, а на неговата екранизација работи веќе редовниот соработник Даниел Јовески.

„Победниците не се луѓе кои никогаш не грешат, туку луѓе кои никогаш не се откажуваат“, напиша Панчо на фотографијата во барот „Рузвелт“, кој веројатно е една од локациите каде што се снима видеото за новиот сингл, а крајниот резултат ќе го видиме во првата половина од јуни.

Горе или доле“ ќе биде трет сингл на ДНК за оваа година, а ќе ги наследи „Ромео и Јулија“ и „Кога би знаела сè. Новиот материјал доаѓа и по минатогодишната компилација со најголемите хитови, каде што го сместија и хитот „Дијамант“, а во рамките на тројната промоција го претставија и дивидито од роденденскиот концерт во 2017, по повод 15. роденден на ДНК.

Во меѓувреме, момците се мошне зафатени и со бројните концертни настапи ширум земјава, а што подготвуваат и за следната година во која ќе прослават „полнолетство“, ќе дознаеме наскоро.



Врати се горе ↑