Македонија

13 февруари, 2018

Наскоро нов албум од Виктор Апостоловски

„На денешен ден, 2015 година го промовирав мојот прв албум… денес ви најавувам дека конечно е време за промоција и на мојот втор албум, која ќе се случи во втората половина од пролетта!“, соопшти Виктор Апостоловски на неговиот профил на Фејсбук. Пејачот, кој вчера го прослави својот 27. роденден, додаде и дека има уште многу новости, но не сакаше да открие многу детали.

На неговото првенче насловено „Во моите сни“ (2015), битолчанецот ги смести најголемите хитови дотогаш, како што се „Не се предавам“, „Најважно од сè“, „Ти и јас“ и „Другата во тебе“. Секако дека зборот пауза не постои во неговиот речник, па оттогаш објави уште неколку нови песни, бројни преработки на светски хитови, а настапи и на двата најпопуларни фестивали во Македонија – „Макфест“ и „Скопски фестивал“ (двата во 2015 година).

Што подготвува за следното поглавје во неговата кариера ќе дознаеме наскоро. Дотогаш уживајте со, како што вели Виктор, најбитната песна од првиот албум, „Не се предавам“!

И.Ј.



Врати се горе ↑