Македонија 10361440_4953100320793_943244454966720841_n

29 декември, 2014

Наскоро нов албум од „Паркети“

По најавата за пензионирање и објавувањето на нивниот последен албум на македонски јазик „Република Франкенштајн“, познатиот битолски состав „Паркети“ запеа на југословенски, со цел да ја освои ја публиката во регионот, а тоа го направи со сингловите „Ауто паркинг“ и „Себастијан“.

Новиот материјал ќе биде спакуван во албум, кој, според неодамнешната најава на фронтменот на групата, Сашо Паркет, ќе пристигне за Нова година: „Наскоро (за Нова година) доаѓа новиот албум на ’Паркети’… Еве тргнат е Дедо Мраз…“, напиша музичарот објавувајќи ја оваа фотографија:

Познатите битолчани Новата 2015 година ќе ја дочекаат со своите сограѓани на плоштадот „Магнолија“, а покрај нив ќе настапат и „Памперси“, „Х бенд“, Сефедин Бајрамов, Ламбе Алабаковски, Влатко Лозаноски и ѕвездата на вечерта, Калиопи.

И.Ј.



Врати се горе ↑