Балкан Zdravko-Colic2

1 ноември, 2013

Наскоро нов албум од Чола

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ (62) наскоро ќе го објави својот четиринаесетти студиски албум насловен „Ватра и барут“. Новото остварување на балканската музичка ѕвезда ќе содржи 12 нови песни, а како автори на поголемиот дел од нив заедно со Чола се потпишуваат Момчило Бајагиќ Бајага и Марина Туцаковиќ. Исто така, како соработници за прв пат се појавуваат автори од Загреб и Сараево. Продукцијата и аранжманите ги направи проверениот соработнички тандем Воја Аралица и Никша Братош.

Како и на претходниот албум, славниот пејач и овој пат ја прифати улогата на композитор и компонираше девет од дванаесетте нови песни, како што се „Есма“, „Ватра и барут“, „Сарајево“, „Љубити“, „Опуштено скроз“, „Шок-шок“, „Не говори ми да ме више не волиш“, „Слављеничка“, „Рио“ и други. Новите соработници на овој албум се хрватските кантавтори Антонија Шола за песната „Што ти дадох“ и Бруно Ковачиќ за „Само причај“, како и Маја Сар од Сараево за темата „Зар се нисмо схватили“.

Новото издание се очекува во втората половина од ноември, бидејќи Чола деновиве се врати од Лондон, кадешто со Никша Братош ја заврши постпродукцијата на албумот во познатото студио „Air“, во кое славниот Џорџ Мартин ги направи најважните плочи на Битлси. Уште еден од колегите кои гостуваат на новото издание е и нашиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски, кој гостува во насловната тема „Ватра и барут“ и песната „Зар се нисмо схватили“ од сараевската авторка Маја Сар.

Во продолжение уживајте со еден од најголемите хитови на Чола, баладата „Ти си ми у крви“.

Извор и фотографии: telegraf.rs



Врати се горе ↑