Македонија

11 октомври, 2016

Наскоро нешто ново од Рената?

Уште на почетокот на летото откри дека снима нов сингл во Шведска, а изгледа дека наскоро конечно ќе слушнеме, но и видиме на што работела Рената Кралевска во изминативе неколку месеци. Познатата пејачка и авторка ретко открива детали за своите нови проекти, но одвреме-навреме знае да ги заинтригира своите обожаватели со по некоја фотографија.

Она што нè заинтригира нас е токму оваа фотографија, со која Ренната најавува „Ангели и демони“

renata

Дали станува збор за насловот на новиот сингл или пак во таква улога ќе ја видиме во новото видео, ќе дознаеме наскоро. Со оглед на тоа што е позната по своите трансформации, се чини дека пејачката се подготвува за ново поглавје во својата музичка приказна. Таа неодамна избриша над 1.000 фотографии од својот профил на Инстаграм, па претпоставуваме дека допрва ќе запознаеме една нова и поинаква Рената…

Насловна фотографија: 3031N



Врати се горе ↑