Македонија mars-117m

10 ноември, 2012

Наскоро МАРС 2012

Македонскиот радиски фестивал МАРС годинава по петти пат ќе ги избира најголемите хитови кои се вртени по радио станиците низ Македонија. На 22-ри ноември во Универзалната Сала во Скопје, 15 македонски изведувачи ќе ги отпеат нивните хитови. Како и секоја година, изборот на најслушани и најпопуларни песни го направија 45 станици од цела Македонија, а се избираше помеѓу 600 песни кои беа највртени во македонскиот етер.

Во ревијалниот дел на МАРС 2012 ќе се појават две еминентни музички имиња од бившите ЈУ-простори – пејачот на легендарната хрватска група Парни ваљак – Аки Рахимовски  и членовите на популарното дуо од Србија, Фламингоси, кои ќе ја збогатат програмата и подигнат нивото и рејтингот на фестивалот.

И годинава трите првопласирани песни ќе се добијат со јавно гласање од 1 до 12 поени на 12-члено жири составено од преставници на исто толку национални и локални радиостаници од различни региони во Македонија.

На изведувачот чија песна ќе биде прогласена за радиски хит на 2012 година ќе му биде доделена парична награда од 60.000 денари и бесплатно да ја користи Универзална сала за свој солистички концерт до крајот на 2013 година. Изведувачот на второпласираната песна ќе добие награда од 40.000 денари, а третопласираниот, 30.000 денари.

Наградата од 10.000 денари ќе ја понесе авторот на најдобриот текст на една од 15-те финални песни кој традиционално го избираат естрадните новинари од дневните весници, естрадните магазини и естрадно-музичките интернет портали во Македонија.

Гласањето беше отворено на 08.11.2012,  на првата фестивалска ПРЕС конференција и ќе трае сè до денот на одржувањето на фестивалот (22.08.2012 год.) кога по пат на електронски избор од сите оние што гласале во изминатите две недели ќе биде избран и среќниот добитник на кој  Т.А. Адриатик Маврово ќе му додели зимување за двајца во Бугарија.

Овие се редните броеви според кои може да се гласа за изведувачите односно нивните хитови, што воедно ќе биде и редослед по кој учесниците ќе настапат на финалната вечер.

1.    ТАМАРА – Можеш ли?
2.    МАРТИН МИЛА – Вива Ла Македонија
3.    КРИСТИНА АРНАУДОВА – Само еднаш
4.    EYE CUE – Иста патека
5.    НОКАУТ – Знаеш каде да ме најдеш
6.    ВЛАТКО ЛОЗАНОСКИ – Нема ден, нема ноќ
7.    ПЕПЕРМИНТ – Ако
8.    АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ – Јасно е ко ден
9.    РИСТО  САМАРЏИЕВ – Езерска
10.  ДИМИТАР АНДОНОВСКИ – Добро ме познаваш
11.  ДАРКО ИЛИЕВСКИ – Гола
12.  ТАРА – Овие денови
13.  NEXT TIME – Лице од рај
14.  БИБА ДОДЕВА – Прашај ме
15.  ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ – Мојата самовила

Домаќини на петтото фестивалско издание на МАРС 2012 ќе бидат водителскиот МТВ тандем: Дијана Гогова и Марко Марк.

МАРС 2012 за зедницата, е традиционалниот хуманитарен аспект на Македонскиот радиски фестивал кој и годинава ќе им даде свој скромен придонес на оние на кој тоа им е најпотребно со одвојување на поголемиот дел од средствата собрани од телевоутингот. Тие ќе му бидат доделени на здружението Дајте ни крилја кое се грижи и има голем број активности посветени на децата со посебни потреби.



Врати се горе ↑