Балкан 943229_665192680173411_321032006_n

12 јуни, 2013

Наскоро ќе пристигне новиот албум на Цеца

Како што најави на почетокот на годинава, српската дива Светлана Цеца Ражњатовиќ наскоро ќе го претстави новиот албум насловен „Позив“, закажан за 17-ти јуни, непосредно пред големиот концерт во спрската престолнина кој ќе се одржи на 28-ми овој месец.

Пејачката синоќа гостуваше во емисијата „Ами Џи шоу“ на телевизијата Пинк, а покрај промоцијата на албумот, Цеца отпеа и две нови песни од претстојното издание, а тоа се насловната „Позив“ и „Име и презиме“. Песните ќе бидат достапни за преслушување на интернет по објавувањето на албумот, на чиј материјал работеше веќе познатиот тандем Марина Туцаковиќ и Александар Милиќ Мили, кој во едно интервју изјавил дека со овој материјал планира да се надмине себеси, а дали успеал во својата намера ќе дознаеме наскоро.

И Туцаковиќ и Милиќ веруваат дека овој албум брзо ќе стане хит бидејќи сметаат дека направиле нешто поинакво од она што сме навикнале да го слушаме од Цеца. Снимките од синоќешното гостување за жал не се достапни, па љубителите на нејзината музика ќе треба да причекаат објавувањето на самиот албум.



Врати се горе ↑