Свет bb-wh

26 мај, 2014

Наскоро филм за Витни Хјустон и Боби Браун

Турбулентниот однос помеѓу покојната дива Витни Хјустон и нејзиниот некогашен сопруг Боби Браун ќе биде главна тема на претстојната телевизиска драма која ќе се прикажува на каналот Lifetime, за чија режија е задолжена Анџела Басет, актерка која е позната по улогата во филмот „What’s Love Got To DO With It“ во кој ја играше легендарната Тина Тарнер.

Филмот за двата музичари, кој би требало да се појави следната година, ќе ја следи приказната од нивното запознавање, како и нивниот однос додека Витни стануваше музичка ѕвезда: „Многу ги почитувам достигнувањата на Витни и Боби и одговорноста достојно да ја раскажам нивната приказна е навистина голема“, изјавила Анџела додавајќи дека сите сме фасцинирани од човечноста и врските меѓу луѓето.

Сè уште не е познато кои актери ќе ги играат главните улоги во оваа драма. Хјустон и Браун беа во брак од 1992-2007 година, а нивната единствена ќерка Боби Кристина Браун ја добија во 1993 година.

 



Врати се горе ↑