Македонија

25 јуни, 2018

Наскоро две нови ора од битолчанецот Димитар Митровски

Откако нè воодушеви со одличната „Балканска фузија“, битолскиот хармоникаш Димитар Митровски наскоро ќе нè почести со уште две нови ора, за кои и самиот истакна дека ќе бидат уште поинтересни од првото. Младиот музичар ги откри своите планови во неодамнешно гостување во емисија на битолската телевизија „Тера“, каде што најави и дека новите проекти можеме да ги очекуваме за два месеца.

Музиката што ја содзава Митровски е сосема нов правец во нашата народна музика, а најголемата поддршка за сето тоа ја добива од своето исто така музичко семејство. Меѓу соработниците за новиот материјал повторно се професорот Кирил Стојчевски, Коста Стевановски и Трајче Ивановски, а и видеата повторно ќе ги изработи „Куба видео“.

Освен двете нови ора, Димитар откри и дека до крајот на годинава би сакал да го промовира и неговиот втор албум, па ние се надеваме дека ќе успее во своите намери. Додека го очекуваме новиот материјал, уживајте со одличната „Балканска фузија“!

Извор: Тера.мк



Врати се горе ↑