Свет 563743_10151753743235079_828522883_n

23 ноември, 2013

Наскоро два нови видео записа од Еминем

Откако се врати на музичката сцена, познатиот рапер Еминем е буквално најприсутното име во сите медиуми ширум светот, без разлика дали станува збор за нови песни, видео записи, награди или соборување рекорди. На почетокот на овој месец, раперот го објави својот долгоочекуван осми студиски албум насловен „The Marshall Mathers LP 2“, од кој излегоа хитовите „Berzerk“, „Survival“, „Rap God“ и „The Monster“ во кој гостува Ријана.

Веќе беа претставени видео записи за првите два хита, а деновиве беа најавени и видео изданијата на можеби најуспешните теми од ова издание – „Rap God“ и „The Monster“. Токму соработката со Ријана е на високото второ место на Билбордовата Хот 100 листа, а единствениот виновник за тоа е мегахитот „Royals“ кој 8 недели со ред стои на врвот на оваа листа и до сега никој не успеал да го симне од таму.

Како ќе изгледа „Rap God“, кој ќе пристигне на 27-ми ноември, можете да видите од промотивниот видео запис во продолжение, а веднаш подолу е прикажана и фотографија од снимањето на „Чудовиштето“, која раперот ја сподели на својот профил на Инстаграм.

 



Врати се горе ↑