Видео

12 октомври, 2018

Наско посака да ги врати годините во „Да би можел“

Зад името Наско се крие уште еднен наследник на познатото македонско семејство Џорлеви. Внукот на легендарниот Наско Џорлев кој го носи и неговото име, односно синот на познатиот македонски виолинист маестро Зоран Џорлев.

По членувањето во неколку македонски групи, Наско конечно ја има првата сопствена, кантавторска песна насловена „Да би можел“. Музика и текстот ги потпишува самиот Наско Џорлев,  додека за аранжманот и снимањето се погрижил Иван Петровски. Миксот и мастерингот ги направил Горан Гешовски, а покракј Наско, придружните вокали ги пее Полина Тасева.

Песната е визуализирана со едноставно нискобуџетно, но интересно видео, во кое покрај Наско се појавуват и неговите братучеди од семејството, меѓу кои препознатлив е актуелниот македонски претставник во „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравковски, син на пејачката Софче – ќерката на покојниот Наско Џорлев – постариот.

Во видеото, чија режија ја потпишува Томи Акимовски, се користени и материјали од приватната архива на семејството Џорлеви и тоа од различни периоди на нивната возраст, кои соодветствуваат со стиховите на песната и ја надополнуваат визуелната слика на темата „Да би можел“, која можете да ја проследите во продолжение. Уживајте!

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑