26 јуни, 2013

Нашите Ивајо и Тод Хејз кон врвот на светските топ листи

Нашите продуценти на хаус музика, Ивајо (IWAYO) и Тод Хејз (Todd Haze) денес го пуштија своето заедничко првенче „Turn up the bass“ со видео запис на Јутјуб. Песната е работена од двајцата млади продуценти кои будат надеж за глобално ширење на музиката која ја работат.

Во експанзија на хаус звукот, на светските топ листи ќе се најдат и македонските продуценти со својата нова трака која наскоро ќе биде издадена од лондонската продуцентска куќа „Кросворлдер”(Crossworlder). Промовирана од оваа светски призната куќа, нашите Ивајо и Тод Хејз ќе бидат слушани меѓу веќе познатите Армин Ван Бјурен, Тиесто, Авичи

Песната ќе биде достапна и преку сите интернет продавници како Ајтјунс(iTunes), Битпорт(Beatport), Џуно Даунлоуд(Juno Download), Трексорс(Traxsource) и други. Ивајо исто така деновиве во соработка со нашиот  познат хип хоп артист Слаткаристика го промовираше новиот сингл и видео запис за песната „Добро да е“.



Врати се горе ↑