26 август, 2013

„Направи чекор“ доби ремикс издание од Глодарагз

Песната „Направи чекор“ која Пука козметика и Скит Скитара ја претставија во март годинава како дел од кампањата „Жешки точки во Македонија“ деновиве доби и интересно ремикс издание кое го потпишува младиот и талентиран продуцент и диџеј Дамјан Дамески, попознат како Глодарагз. Темата чија музика и аранжман ги потпишува Скитара и со текст на Пука козметика, горе  можете да ја слушнете во даб степ стил и доколку Ви се допадне, можете и бесплатно да си ја симнете од Фејсбук страницата на Глодарагз.



Врати се горе ↑