Балкан Marcelo_Napet sou_fotograf Ana V. Danilovic_1

3 октомври, 2014

„Напнатото шоу“ на Марчело соборува рекорди!

Во средата, 1 октомври, точно во 18 часот, на полиците во книжарницата „Делфи СКЦ“ во Белград стигнаа првите примероци од книго-албумот „Напет шоу“. Иако најавуван како „долгоочекуван“, сепак „Напнатото шоу“ на Maрко Шелиќ – Марчело е многу повеќе од тоа! Соборени се сите рекорди, како на издавачката куќа „Лагуна“ и книжарницата „Делфи СКЦ“, така и на личниот рекорд во потпишување книги и дискови на Марчело!

Околу 400 почитувачи на неговата работа дојдода да се дружат со Марко Шелиќ – Марчело, а некои од нив за автограм чекаа цели пет часа, колку што траеше потпишувањето на книго-албумот „Напет шоу“. И навистина беше напнато, бидејќи работното време на книжарницата не беше доволно, па така Марко и неговите верни фанови „се преселија“ пред Студентскиот културен центар, каде што продолжи шоуто:

„Во име на екипата која учествуваше во создавањето на ’Напнатото шоу’, која брои повеќе од 50 луѓе, им се заблагодарувам на сите кои трпеливо чекаа да дојдат до својот примерок од книго-албумот. Со оглед на тоа што во него се обработени теми кои не се баш шарени и весели, туку вонглавно немилосрдни, мило ми е што се однесуваат на голем број луѓе“, изјавил Марко по петчасовното потпишување на првите примероци од своето ново дело.

Потсетуваме дека покрај Марко Шелиќ, автори на текстовите во книгата „Напет шоу“ се и режисерот Кокан Младеновиќ, писателите Давид Албахари, Михајло Пантиќ и Павле Зелиќ, афористичарот Далибор Ѓорѓевиќ, „рок-енциклопедијата“ Петар Јањатовиќ, колумнистот Дража Петровиќ, мировниот работник Милан Цолиќ, психологот и психотерапевт Владан Беара и поранешната координаторка на организацијата АСТРА, Елена Крсмановиќ.

Книго-албумот „Напет шоу“ веќе од вчера, 2 октомври, е достапен на музичкиот сервис Дизер (Deezer)со тоа што физичкото издание кое е интегрален дел од книгата, содржи три бонус песни. Од денеска, 3 октомври, „Напет шоу“ ќе може да се порача на веб страните www.delfi.rs и www.laguna.rs од сите држави во регионот.

Дел од атмосферата од потпишувањето на првите примероци од „Напнатото шоу“ можете да погледнете во снимката и фотографиите чии автори се Александар Зец и Ана В. Даниловиќ.



Врати се горе ↑