Аудио

13 мај, 2019

„Нана банана“ е новиот сингл на Нета

Минатогодишната победничка на „Евровизија“, Нета Барзилаи е главната виновничка што годинава фестивалот се одржува токму во нејзината родна земја Израел, но и во нејзиниот град Тел Авив. Како што е традиција, таа ќе настапи и во големото финале в сабота, а покрај победничкиот хит „Toy“, ќе го изведе и новиот сингл „Nana Banana“.

„По победата на фестивалот имав огромен притисок да направам уште еден таков хит и сите го очекуваа тоа. Но, сфатив дека колку и да се трудам, нема да можам да го повторам тоа. Барајќи инспирација за новата песна, истата се роди во удобноста на мојот дом, опуштајќи се во пижами, а таа удобност сакав да ја извадам и надвор од дома, па ’Нана банана’ го пренесува токму тоа“, објасни таа.

„Нана банана, правам што сакам“, пее Нета во новиот потенцијален хит, кој е со побавно темпо и во реге-стил, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑