10 јули, 2018

„Намини ноќва“ е новиот летен хит на Панче Касапски

„Намини ноќва“ е насловот на новиот сингл на Панче Касапски, кој уште со првото слушање ветува дека ќе биде вистински летен хит. Станува збор за песна со побрз ритам, со џез и фанк-призвук и позитивни вибрации, на која штипскиот музичар се потпишува како автор на музиката, за стиховите доби помош од легендарната колешка Маја Оџаклиевска, за која песната била првично наменета, а аранжманот, продукцијата, миксот и мастерингот се на колегата Иле Спасев, со кого работеше и на баладата Уште си ми ти“ (2016).

Сето тоа е визуелно дополнето со одлично видео во реализација на екипата од продукцијата „Пирамид“, а покрај Панче, главната женска улога ја доби Марис Џолин (Maryse Jolene). Како изгледа и звучи „Намини ноќва“ дознајте горе. Уживајте!

Фотографија на Pance Kasapski.



Врати се горе ↑