Концерт

12 септември, 2018

Наместо во октомври, „Нокаут“ со голем концерт во ноември

Јубилејниот голем концерт на „Нокаут“, кој требаше да се одржи во октомври во Скопје, е презакажан за во ноември, а Пере фановите за оваа промена ги извести преку социјалните мрежи каде напиша:

„Ветивме голем јубилеен концерт, и ветувањето ќе го исполниме. Го најавивме за октомври, но сепак одлучивме да го одржиме на 23 ноември. Локацијата останува иста – СРЦ Кале. Ве чекаме заедно да ги прославиме двата јубилеја – 25 години Авалон и 20 години од првиот концерт на НОКАУТ во СРЦ Кале – со концертна промоција на нашиот нов албум“, стои во објавата на фронтменот на групата.

ЈУБИЛЕЈНИОТ КОНЦЕРТ НА 23 НОЕМВРИВетивме голем јубилеен концерт, и ветувањето ќе го исполниме. Го најавивме за…

Gepostet von Nokaut Unplugged am Mittwoch, 29. August 2018

 

Сè уште не се познати деталите околу влезниците и нивната продажба, за што бендот вети дека дополнително ќе нè извести. Инаку, „Нокаут“ во моментов се актуелни со темата „Ти си таа“, која ја снимија со Гуру Харе, како и со соработката со Игор Џамбазов за „Што бараш ти во моја песна“.



Врати се горе ↑