Балкан spek Samardzic02_620x0

20 февруари, 2013

Наместо Маја, на Беосонг Жељко Самарџиќ?

Како што пишуваат српските медиуми, Маја Оџаклиевска сепак нема да настапува на претстојниот фестивал Беосонг, на кој ќе се одбере претставникот за Евровизија 2013. Сè e уште не се знае кој ќе ја изведе песната „Ангел од небото“ од авторите Никола Буровац (музика и текст) и Марко Кон (аранжман), кои итно бараат замена за популарната пејачка. Одлуката за изведувачите на песните би требало да биде соопштена најдоцна до денес. Како што дознаваат од Вечерње Новости, најблизу до учество на Беосонг е Жељко Самарџиќ.

„Треба да најдеме некој кој ќе може да ја изведе песната која е пишувана за изведувач како што е Маја Оџаклиевска и да ја отпее во најмала рака онака како што би ја отпеала таа“ – изјавил Марко Кон, додавајќи дека во меѓувреме песната се обиделе да ја отпеат во студио веќе шест изведувачи (по три машки и три женски вокали), но одлуката кој да ја замени Оџаклиевска сè  уште не е донесена.

„Една од нашите желби е Жељко Самарџиќ, кој е навистина феноменален пејач со искуство. Жељко би можел да ја изведе оваа песна. И би било прекрасно доколку тој прифати, тогаш би биле решени сите дилеми“ – изјавил Буровац, додавајќи дека песната е многу сериозно и бара сериозен интерпретатор. Сепак, како што напоменал, една од опциите за замена е и Ненад Цвијетиќ кој „е млад, но извонреден поп пејач“.

Марко Кон на шега додал и дека можат да играат на „хомосексуалната“ карта: „Предложив јас и Никола да ја отпееме песната држејќи се за рака, а на самиот Евросонг да се бакнеме бидејќи тоа би придонело да добиеме што повеќе гласови, па можеби и да победиме.“

Извор и фото: novosti.rs



Врати се горе ↑