Видео

14 февруари, 2019

„Намазана“: Сузана Гавазова ја промовираше новата песна на српски јазик

После песната „Хало“, која се покажа како вистински погодок, Сузана Гавазова продолжува со походот за освојување на српскиот и балканскиот музички пазар. Со првата песна и спот, Гавазова веднаш го привлече вниманието на балканската јавност, а тоа се докажа со многуте гостувања на српските и регионални ТВ канали во емисиите и шоуата на „Прва“, „Гранд“, „Пинк“, а и големиот број прегледи и коментари за „Хало“.

Нашата пејачка не чекаше да помине долго време, па затоа повторно околу себе собра проверена екипа и повторно изненади со нов проект. Имено, новитетот на нашата пејачка е насловен „Намазана“ (Намачкана), а тимот кој работеше на оваа песна се Саша Диниќ и Ана Диниќ, додека видеото го работеше „НН медија продукција“.

Во спотот Гавазова е ултрамодерно облечена и нашминкана, вкусно разголена и провокативна. Песната беше официјално промовирана во емисијата „Гранд коктел“ во „Гранд продукција“, а во самата емисија Сузе отпеа и неколку убави стари македонски песни.

Пред промоцијата на оваа нова песна и спот, нашата пејачка најави и две нови песни на македонски јазик, кои се очекува да бидат промовирани некаде околу Велигденските празници.



Врати се горе ↑