Настани underworld

12 јуни, 2014

Најзначајниот електро состав Андерворлд за незаборавна завршница на „Си Денс“ фестивалот

Време е за вежбање на најсвежите денс чекори затоа што пионерите и најзначајниот состав во историјата на електронската музика и ненадминатите владетели на танцовите подиуми ширум светот, британските Андерворлд (Underworld) се придружуваат на импресивната програма на Си Денс Фестивал со една единствена мисија: заедно со Џамироквај (Jamiroquai) и Егземпл (Example) да го поткренат јадранскиот брег ова лето

Нивниот настап на главната бина на SDF сместена на една од најубавите плажи на Јадран, Јаз кај Будва, ќе претставува совршена кулминација и грандиозен завршеток на големата, осумдневна EГЗИТ Авантура, а покрај нив на главната бина на 17 јули нè очекуваат уште низа електронски изведувачи, претставници на Денс Арената на Eгзит, која таа вечер ќе гостува на плажата Јаз.

Ова е прв пат мајсторите на електронските настапи, Карл Хајд и Рик Смит, да настапат на црногорскиот брег. Андерворлд, по осум објавени студиски албуми, небројни ремикси на други изведувачи и светската слава, на Јаз ќе претстават некои од своите најголеми хитови, како што се Борн Слипи (Born Slippy), Дарк енд Лонг (Dark and Long), Ту Мантс Оф (Two Months Off), Рез (Rez), Ојк Ојк (Oich, Oich), Кинг оф Снејк (King Of Snake), Дрти Епик (Dirty Epic) и многу други.

Музичката кариера на Андерворлд започна уште пред дваесет години. Во првиот, гитарски состав, Андерворлд беше насочен кон фанки електро-поп звук. Кон основачите на бендот, Рик Смит и Карл Хајд, набргу се приклучи и сега веќе познатиот Дарен Емерсон и Андерворлс почнаа да ја освојуваат публиката ширум светот, кога настана и нивниот прв техно албум, а од тогаш станаа верни на електронскиот звук.

Песната „Born Slippy“, ги направи Андерворлд еден од најпознатите електронски состави било кога. Покрај огромното влијание кое го имаше на електронската музика, песната и понатаму живее преку ремикси на многу изведувачи. Продадена е во повеќе од милион примероци и го прослави филмот „Trainspotting“.

Андерворлд во 2012 година беше одбран да креира музика за церемонијата на Летните Олимписки игри во Лондон, во соработка со филмскиот режисер и режисер на церемонијата, Дени Бојл. По повод ангажманот околу Олимпијадата, Андерворлд во 2012 година го доби престижното признание на славниот „Q“ магазин за ИНОВАЦИЈА ВО МУЗИКАТА.

МНОГУ ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ЕДНОДНЕВНИ ВЛЕЗНИЦИ ПО ПОДАРОК ЦЕНА ОД 19,99 ЕВРА ВО ПРОДАЖБА ОД ПЕТОК!

Многу ограничен контингент на еднодневни влезници за EГЗИТ по неверојатна цена од само 19,99 евра ќе биде пуштен во продажба во петок, 13 јуни. Организаторите на фестивалот очекуваат дека, како и претходната година, влезниците по оваа цена ќе бидат распродадени во рекорден рок.

ОД ПЕТОК ВО ПРОДАЖБА И КОМПЛЕТ ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА СИ ДЕНС ФЕСТИВАЛ

Од петок на пладне на сите продажни места на EXIT фестивал ќе бидат достапни и тридневни комплет влезници за Си Денс фестивал по цена од 29,99 ЕВРА. Во моментов цената на влезниците за EXIT изнесува 3 580 денари, а за EXIT авантурата (EXIT+ SEA DANCE) 4 230 денари.



Врати се горе ↑