27 март, 2013

Највеселата химна на раскинувањето „It’s a Beautiful Day“

На почетокот на месецов, канадскиот пејач Мајкл Бубле го претстави својот прв најавен сингл за неговиот нов албум „To Be Loved“, закажан за 23-ти април. Нумерата „It’s a Beautiful Day“ доби и свое видео издание во кое гостува актерката Џејми Пресли, а како што пишува магазинот PopCrush, ова е највеселата химна на раскинувањето. Имено, уште во првата сцена Бубле ја фаќа неговата девојка како го изневерува, а потоа заминува и надвор го чека „чудесен свет“. Како тоа изгледа погледнете горе.



Врати се горе ↑