Аудио 1

18 јули, 2016

„Најубавите македонски поп рефрени“ отпеани од Маријан Стоименов – Ѕика

Талентираниот Маријан Стоименов – Ѕика, кој е по потекло од кочанско Оризари, реши да даде свој придонес за уште поголема популарност на македонските хитови, па во рамките на неговиот проект соодветно наречен „Најубавите македонски поп рефрени“, музичарот досега претстави три преработки. Станува збор за хитовите „Остани со мене“ од Роберт Билбилов, „Доживотно“ од Елена Ристеска и макфестовското „Танго“ на „Нокаут“.

Стоименов е автор на новите аранжмани, а е задолжен и за миксот и вокалната изведба на овие преработки, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑