13 јули, 2013

Најубавата Црногорка во новиот видео запис на Јоце Панов

Нашиот изведувач кој неодамна го освои третото место на реномираниот фестивал „Сунчане скале, Јоце Панов најави нов видео запис за темата „Нисам више тај“. Снимањето се одвиваше во Будва и Улцињ под режисерската палка на Дарио Јанковиќ, а во него се појавува и една од најубавите Црногорки, Јелена Кировиќ.

Дополнителни информации за новиот видео запис ќе има во текот на следната недела, а до тогаш погледнете инсерти од „Нисам више тај“.



Врати се горе ↑