Настани ImageProxy

30 јануари, 2014

Најсилната X-Bass програма на EXIT!‏

Врзете ги појасите, авантурата на најдобриот европски фестивал почнува! По големиот успех на минатогодишната X-Bass програма на главната бина на EXIT фестивал, која е реализирана во соработка со UKF, една од најзначајните етикети на електронската сцена, оваа светла коалиција во 2014 станува уште погласна. Вклучете ги засилувачите и подгответе се за жестока свирка бидејќи најголемите светски имиња на дабстеп и драм’ен’бејс сцената доаѓаат на EXIT 2014! Да, така е –SKRILLEX и RUDIMENTAL, како и DUB FX и KOVEN доаѓаат со своите лајв состави да ја доведат до зовривање атмосферата на Петроварадинската тврдина.

 

SKRILLEX претставува најзначајното дабстеп име на денешницата и еден од најпопуларните светски диџеи. За рекордно време стана планетарно познат, а со своите прогресивни ЕП изданија Scary Monsters and Nice Sprites и Bangarang ги освои не само срцата на публиката, туку дури и шест Греми награди, помеѓу останатите за Best Dance Recording и за Best Dance/Electronica Album. Во јули 2012. година стигна на првото место на Billboard Social листата, која ги рангира изведувачите на основа на популарноста на социјалните мрежи: на Фејсбук во моментов го следат скоро 15 милиони луѓе, исто колку и Мадона, а на Твитер над три милиони фанови! На Форбсовата листа на најплатени диџеи во моментов го завзема деветтото место со зарабока од над 16 милиони долари во 2013. На EXIT фестивал ќе настапи во сабота, 12 јули со ексклузивен аудио-визуелен лајв настап, дизајниран специјално за неговата летна турнеја, и со техничка опрема толку голема што дури 5 шлепери ќе ја превезуваат до Тврдината!

Во петок, 11. јули, Петроварадинската тврдина ќе ја затресе RUDIMENTAL, најдобриот нов бенд за 2013. година по избор на повеќе од пола милион фанови на UK Festival Awards! Овој енергичен колектив експлодира од лондонскиот андерграунд на самиот врв на британската и европската музичка сцена, освојувајќи ги срцата на публиката со својот бескомпромисен пристап кој не се вклопува во ригидната класификација на жанрови. RUDIMENTAL се најде на првото место на една од најважните светски музички топ листи –  UK Top Chart со песната Waiting All Night во април 2013, оставајќи ги зад себе и славните Daft Punk. Две недели подоцна, нивниот албум Home дебитираше на првото место на листата UK Albums Chart. Нивната популарност во 2014 и понатаму расте, а најавата на нивниот настап на BRIT наградите во 2014 само дополнително докажува колку тие се во моментов барани во музичкиот свет.

 

На жестоката бас линија ќе и се придружи во четврток, 10. јули, Бенџамин Станфорд ака DUB FX. Dub FX се прослави со својот DIY пристап кон музиката; сета музика ја создава со својот глас, кој потоа го пласира преку „луп“ машина, ја пушта преку процесори и филтри, создавајќи матрица која потоа ја користи како подлога за пеење. Него го прослави видеото Love Someone од 2008. година, снимено на улица, што е најдобар пример на неговиот извонреден талент. Австралискиот музичар на Петроварадинска тврдина ќе го претстави својот трет по ред студиски албум, Theory of Harmony, објавен пред само месец дена, кој претставува своевиден манифест на неговата филозофија за мир, позитивност и животна радост, препозната од страна на многубројните обожаватели ширум светот.

 

Творците на хит синглот More Than You, бас поткованото британско дуо KOVEN, ќе настапат на главната бина во петок, 11. јули. Од оваа млада надеж на дабстеп правецот се очекува многу, особено имајќи го предвид нивнот лајв сет, кој претставува интересен спој на енергични басови и нежен женски вокал. Од моментот кога се појавија на сцената на бас музиката, станаа миленици на големите ѕвезди како што се The Prototypes, Borgore, Hadouken и работеа со истакнати музички етикети како Ministry Of Sound и UKF.

 

EXIT го освои првото место во категоријата на најголеми европски фестивали на церемонијата на доделување на најзначајното европско фстивалско признание, Европските фестивалски награди за 2013. година.

Петнаесеттото издание на најдобриот европски фестивал е во знак на EXIT АВАНТУРАТА која нѐ води на EXIT, од 10. до 13. јули 2014. на Петроварадинската тврдина во Нови Сад и на SEA DANCE ФЕСТИВАЛ од 15. до 17. јули на плажата Јаз, една од најубавите плажи на Јадранот.



Врати се горе ↑