Свет 13772838411013031_1381239188758390_1197668142_n

9 декември, 2013

Најпродаваните синглови за 2013 година во Велика Британија

Мегахитот „Blurred Lines“ од канадскиот музичар Робин Тик е најсериозниот кандидат за титулата Најпродаван сингл за 2013 година во Велика Британија. Според официјалните податоци на Official Charts Company, овој сингл одамна го надмина тиражот од милион продадени примероци во Велика Британија, оставајќи го позади себе повратничкиот хит сингл на Дафт Панк – темата „Get Lucky“.

„Blurred Lines“ до сега е продадена во 1,44 милиони примероци, додека „Get Lucky“ ја достигна бројката од 1,28 милиони. На третото место е шведскиот диџеј и продуцент Авичи со „Wake Me Up“, а на четвртото се најде Песинџер со „Let Me Go“. Најдобрите пет ги заокужуваат Ноти Бој и Сем Смит со нивниот хит „La La La“.

Со оглед на тоа што сè уште не е извесно кој ќе биде на врвот на оваа листа во божиќната недела, од Official Chart Company нагласуваат дека во моментов во водство се споменатите пет хитови, но дека состојбата може да се промени. Сепак, ако не се случи некое божиќно чудо, Тик ќе ја задржи водечката позиција. Интересно е тоа што и во двата хита како соработник и гостин се појавува американскиот музичар и продуцент Фарел Вилијамс, така што ова на некој начин е двојна победа за него.

Минатата година најпродаван сингл во Велика Британија беше еден од хитовите кои ја одбележаа 2012-та, а тоа е „Somebody That I Used To Know“ од австралискиот музичар Готје.

 



Врати се горе ↑