Свет alede taylor swift

31 декември, 2012

Најпродавани албуми за 2012 година

Врз основа на целокушната продажба на одредено музичко издание ширум светот и позицијата на глобалните топ листи кои се базирани на податоците од пазарот, стигна и овогодишната официјална листа на најпродавани албуми. Втора година по ред, на самиот врв се наоѓа Адел со нејзиниот албум „21“, кој оваа година е продаден во дополнителни преку 9 милиони примероци. Најпродавано издание објавено оваа година има Тејлор Свифт, која со тираж од 3,8 милиони продадени примероци го зазема второто место. Во топ пет селекцијата, дури две места за Уан Дајрекшн – албумот „Up All Night“ се наоѓа на третата позиција, додека неговиот наследник „Take Me Home“ се најде на петтото место. На четвртото место со тираж од 2,9 милиони продадени примероци се најде „Born To Die“ на Лана Дел Реј, а целосната листа на најпродавани албуми за 2012 година можете да ја погледнете во продолжение.

  1. Adele – “21”- 9,2 милиони
  2. Taylor Swift – “Red” – 3,8 милиони
  3. One Direction – “Up All Night” – 3,6 милиони
  4. Lana Del Rey – “Born To Die” – 2,9 милиони
  5. One Direction – “Take Me Home” – 2,9 милиони
  6. Mumford & Sons – “Babel” – 2,7 милиони
  7. Pink – “The Truth About Love” – 2,4 милиони
  8. Justin Bieber – “Believe” – 2,3 милиони
  9. Coldplay – “Mylo Xyloto” – 2,2 милиони
  10. Maroon 5 – “Overexposed” – 2,0 милиони
  11. Michael Bublé – “Christma”s – 2,0 милиони
  12. Emeli Sande – “Our Version Of Events” – 1,9 милиони
  13. Gotye – “Making Mirrors” – 1,8 милиони
  14. Ed Sheeran – “Plus” – 1,7 милиони
  15. David Guetta – “Nothing But The Beat” – 1,7 милиони
  16. Bruce Springsteen – “Wrecking Ball” – 1,6 милиони
  17. Linkin Park – “The Living Things” – 1,6 милиони
  18. Rod Stewart – “Merry Christmas Baby” – 1,6 милиони
  19. Black Keys – “El Camino” – 1,6 милиони
  20. Fun. – “Some Nights” – 1,6 милиони

Извор: PopChrush



Врати се горе ↑