За Вас merry_christmas_11_1200

6 јануари, 2016

Најпознатите божиќни песни

Бидејќи е еден од најопеаните празници во светот, голем број песни се посветени токму на Божиќ. Бројни се хитовите од кои секоја година во овој период авторите на истите заработуваат многу. Иако има и голем број постари хитови, како што се оние на Бинг Крозби, Нет Кинг Кол, Елвис Пресли, Френк Синатра и други, во поново време кога ќе се каже празнична Божиќна песна, најпрво ќе се сетиме на „Last Christmas“ од „Уем“ (Wham!), како и „All I Want For Christmas Is You“ на Мараја Кери, a последниве години доста актуелен со неговиот божиќен албум е и канадскиот пејач Мајкл Бубле.

Секако дека токму песните на оваа тема добиле најмногу верзии, односно се препеани од многу други изведувачи и секој од нив им дал свој личен печат. Бидејќи денеска е Божиќ, а веќе се потсетивме на некои од најубавите македонски божиќни песни, да се потсетиме и на неколку кои веќе со години се неизбежен дел од празничниот репертоар. Одбравме песни од различни временски периоди, па уживајте со убава музика и имајте среќни, весели и радосни празници! Сè најдобро Ви посакува РадиоМк!

Џони Матис – It’s Beginning to Look a Lot Like Christmas

 

 

Бинг КрозбиWhite Christmas

 

Нет Кинг КолChristmas Song

 

Елвис Пресли и Мартина МекбрајдBlue Christmas

 

Нет Кинг Кол – The Happiest Christmas Tree

 

КвинThank God It’s Christmas

 

Пол Макартни Wonderful Christmas Time

 

УемLast Christmas

 

Мараја КериAll I Want For Christmas Is You

 

ТрејнShake Up Christmas

 

Сем Смит – Have Yourself a Merry Little Christmas

 

Кели Кларксон – Silent Night

 

Мараја Кери и Џон Леџенд – When Christmas Comes

 

 

Крис Браун – This Christmas

 

Џеси Џеј – (Everybody’s Waitin’ For) The Man With The Bag 

 

Мајкл Бубле – Божиќен микс

 

Мајкл Бубле – My Grown Up Christmas List

 

Се надеваме дека Ви се допадна нашиот избор на песни и дека уживавте слушајќи ги, а ако не Ви беше доволно, Ви го препорачуваме и празничниот маратон со кој друг ако не Мајкл Бубле! Имајте среќни празници!

 



Врати се горе ↑