Настани 2e8452c6-f06b-4e9c-86ed-c5fdbfa4327a

19 декември, 2014

Најпопуларните техно имиња доаѓаат на „Егзит“!

По објавувањето на легендарните „Моторхед“ и „Иглс од дет метал“, почнуваат и првите објави за планетарно омилената „Денс Арена“. Јубилејното издание на арената „се заканува“ да биде најголемото досега, со многубројни изненадувања, како и (не)очекувани настапи во живо. Како вовед во следната бајка на „Денс Арената“ и како своевидно загревање, денес се објавени изведувачите за „техно чевртокот“ – великаните на електронската музика Крис Либинг (Chris Liebing) и Адам Бејер (Adam Beyer), како и култниот детроитски тандем „Октав уан“ (Octave One), но и сè попопуларните претставници на славната „Драмкод“ (Drumcode) етикета на Бејер, Никол Моудабер (Nicole Moudaber) и Џозеф Каприати (Joseph Capriati), кој со домашната поддршка од Дејан Милиќевиќ, Марко Милосављевиќ и Леа Добричиќ ќе го приредат најлудото отворање на 15. роденден на „ЕГЗИТ“ фестивал, кој сигурно долго ќе го паметиме!

Влезниците за „Егзит“ во моментов чинат 3.199 денари, а најбрзите фанови само уште денес до полноќ ќе можат да ги купат влезниците по подарок цена додека пак од сабота, 20 декември истите поскапуваат.

Харизматичниот германски продуцент Крис Либинг веќе 20 години е еден од водечките бардови на светската техно сцена со беспрекорна репутација и своевиден статус на суперхерој меѓу публиката и колегите. Познат е и по тоа што меѓу првите ги усвои бројните технолошки иновации и диџеј настапите практично ги подигна на „лајв“ ниво, користејќи константно дури четири канали додека симултано создава нови ремикси пред публиката со резултати кои непрестано ги восхитуваат и другите колеги на светската сцена. Либинг неодамна заврши и два ремикса за американскиот хитмејкер Моби, а неговиот календар на патувања и понатаму важи за еден од најлудите на музичката сцена, па само оваа година веќе ги опфати Токио, Њујорк, Лондон, Пекинг, Сан Франциско, Мексико Сити, Детроит, Буенос Аирес, Мајами, Амстердам, Берлин и Барселона, додека ова лето пак на Ибица беше хедлајнер на журките во организација на ѕвездите како што се Ричи Хотин, Марко Карола, Локо Дајс или Свен Ват! Кога се фестивалите во прашање, листата станува уште поимпресивна со овогодинешниот „Тумороуленд“, „Тајм Варп“, „АДЕ“, „Авејкенингс“, „Мејдеј“, „Мувмент“, „Хајт“, „Монегрос“, „Електрик Зу“, „Нејчр Уан“, а следното лето, што по негово сопствено признание било негова повеќегодишна желба, време е за премиерниот настап на „Денс Арена“!

Единствениот вистински техно викинг, шведскиот продуцент Адам Бејер, покрај Либинг е дел од фамозната, втора генерација на големите европски диџеј ѕвезди, а двајцата следната година одбележуваат две децении професионално работење и денес се на апсолутниот врв од својата кариера. Од објавувањето на фамозниот сингл „Drum Codes 1“ во 1995 и основањето на издавачката куќа „Драмкод“ (Drumcode) во 1996 година, Бејер засекогаш ја менува тогашната техно музика и продолжува до денес да ги диктира трендовите кои овој жанр го популаризираа до најголемите светски сцени. Подеднакво импресивната листа на фестивали ќе биде заокружена со третото враќање на Бејер на „Денс Арена“, овојпат подеднакво јубилеен за шведската ѕвезда и за сè уште актуелниот носител на титулата најдобар европски фестивал!

Техно тандемот „Октав уан“ (Octave One) изникна во самото срце на Детроит, а специфичен е по тоа што го сочинуваат браќата Брден, Лени и Лоренс. Сопственици на планетарно успешниот сингл „Blackwater“, Брденови се издавачи и на техно хитот на сите времиња, „Jaguar“ на диџеј Роланд, но и бројни други техно класици, објавени на еден од столбовите на детроитската сцена, нивната етикета „430 Вест рекордс“ (430 West Records). „Октав Уан“ се познати по сложените настапи во живо и оригиналниот звук кој не може да се обезбеди дигитално, а најмногу по звукот на Детроит, посебен и поинаков од сè друго. По одличната минатогодишна турнеја со која повеќе пати ја обиколија планетата, нивното прво доаѓање во Нови Сад ќе биде поради, повеќе од заслужениот настап на посебното, јубилејно издание, не само на „Денс Арената“, туку и на 15. по ред „Егзит“ фестивал, следното лето, од 9 до 12 јули на Петроварадинска тврдина!

Како и претходните години, „ЕГЗИТ“ за декемвриските купувачи на влезниците подготви фантастични попусти! Само уште денес до полноќ во продажба се достапни влезниците по цена од 3.199 денари за четирите дена на „ЕГЗИТ“ фестивал на Петроварадинска тврдина. Оние кои ќе купат комплет влезници во рамки на оваа акција ќе бидат наградени со влезница за ЕГЗИТ АВАНТУРАТА, односно добиваат бесплатна влезница за „СИ ДЕНС“ фестивалсо услов за регистрација за „Си Денс“, која ќе се спроведува преку сајтот www.gigstix.com од 1 до 31 март 2015. Тоа е дури 70%попуст во однос на регуларната цена за „ЕГЗИТ“ авантурата!

Веќе од сабота (20 декември) цената на овие влезници поскапува и ќе изнесува 3.599 денари.

Истотака, во продажба се достапни и строго ограничен број влезници за три дена на „Си Денс“ фестивал по цена од 1899 денари, што е дури 50% попуст од регуларната цена!

Продажбата на влезниците во Македонија се спроведува преку продажната мрежа на МКтикетс и официјалното продажно место „Југотон“ (Скопје, ГТЦ, 1 кат). Бројот на промотивните влезници е строго ограничен.



Врати се горе ↑