25 март, 2016

Најпопуларните македонски песни на Јутјуб

Забавни, народни или детски, песни кои одамна не сме ги слушнале на радио или телевизија… на бројни македонски хитови можете во секое време да се потсетите на Јутјуб, а особено на каналот „МоликаБТ“, каде што можете да најдете и интересни истражувања за популарноста на песните на оваа платформа.

Токму тоа беше целта и на најновото истражување за најпопуларните македонски песни на Јутјуб, односно песни отпеани на македонски јазик. Резултатите во моментов се однесуваат на периодот до март годинава и секако дека понатаму бројките ќе се менуваат. Меѓу најпопуларните 20 во моментов предводи Слаткаристика со дури 6 хитови, а кои се 20 најпопуларни македонски песни на Јутјуб дознајте од видеото горе.



Врати се горе ↑