Настани

2 април, 2019

Најпопуларната журка од Ибица доаѓа на „Егзит“: Соломун +1 со големите „Тејл оф ас“

И минатото лето „Егзит“ подготви вистински „Аренамагедон“, но овогодишната програма на светски фамозната Денс-арена сепак го носи своето најјако издание досега! Веста дека Карл Кокс (Carl Cox) прв го објави своето враќање на еден од најголемите светски рејвови на отворено одекна ширум светот, а нему брзо му се придружија и сите водечки електронски ѕвезди на денешницата Пол Калкбренер (Paul Kalkbrenner), Амели Ленс (Amelie Lens), Масео Плекс (Maceo Plex), Џеф Милс (Jeff Mills), Шарлот де Вит (Charlotte de Witte), Борис Брејча (Boris Brejcha), Пеги Гу (Peggy Gou), Дакс Џ (Dax J), Моника Крус (Monika Kruse), Адријатик (Adriatique), Сатори (Satori), Јоханес Брехт (Johannes Brecht) и многу други. Оваа „галактичка“ екипа ќе ја комплетира никој друг, туку најпопуларниот музичар со потекло од овие простори, Младен Соломун (Solomun).

Популарниот шеф на хаус-сцената оваа година доаѓа во својот популарен „+1“ формат со истоимена журка со која ги освои фановите кои од целиот свет доаѓаат да го слушаат на Ибица.  Специфичната „Solomun +1“ забава во познатиот клуб „Пача“ во моментов се смета за најпознатата на шпанскиот остров кој е најважна дестинација за ноќна журка, а форматот во кој Младен секоја недела повикува еден специјален гостин со него да настапува цела ноќ, се покажа како полн погодок! Духот на Ибица, со кој лежерно владее со години наназад, на „Егзит“ ќе го донесе со помош на не еден, туку двајца гости за оваа специјална пригода! На Петроварадинската тврдина  ќе му се придружи водечкото светско дуо на денешната техно и хаус-сцена – „Тејл оф ас“  (Tale of Us)кои секогаш му гостуваат на самиот крај на сезоната „Solomun +1“, баш како и тој во финалето на нивниот серијал на журките „Afterlife“, поради кој многумина овој „back2back“ пар го прогласија за моментално најбараниот на светот! Ова ударно трио во сабота, на 6 јули ќе ја „преземе“ командата над гигантската бина дури цели шест часа, и тоа прво поединечно, а потоа и на заеднички, двочасовен настап!

 

Петроварадинската тврдина на наредното издание на фестивалот „Егзит“ од 4 до 7 јули ќе ја предводат некои од најактуелните имиња, но и живи легенди на светската музичка сцена, меѓу кои се рок-титаните „Д кјур“, како и „Грета Вен Флит“, Карл Кокс, Скепта, Димитри Вегас и Лајк Мајк, диџеј Снејк, Дизајнер, „Лост фрикуенсис“, Ај-Ем-Ди-Ди-Би, „Софи Такер“, Том Вокер, Масео Плекс, Соломун, „Тејл оф ас“, Шарлот де Вит, Борис Брејча, Пеги Гу, Џеф Милс, Амели Ленс, Дакс Џеј, Фил Анселмо и „Илиглс“, Тарја Турунен, „65 дејс оф статик“, Селектер, „Питер енд д тест-тјуб бејбис“, „Вајтчепл“, „Атеист рап“, „Арктурус“, „Тотал кејос“ и други големи имиња кои ќе бидат објавени во наредните недели.

Влезници за „Егзит“ по промо цени само до 12 април!

Поради огромниот интерес за „Егзит“, четиридневната (4-7 јули) влезница за фестивалот по промотивна цена од 3.580 денари, што претставува висока заштеда од 55%, ќе биде во продажба уште само до петок, 12 април, до крајот на денот. После тоа, цената на комплетот влезници за „Егзит“ ќе биде повисока. Цената на влезницата за првиот фестивалски ден, кога настапуваат „Д кјур“, изнесува 1.800 денари за партер и 2.495 денари за ФАН-ПИТ, додека цената за ГОЛД ВИП дневните влезници за 4 јули е 6.515 денари. Влезниците за „Егзит“ може да се купат на сајтот на mktickets.mk, или преку официјалната exitfest.org.



Врати се горе ↑