Свет ts

19 март, 2014

Најплатените музичари за 2013 година

Како што објави магазинот Билборд, беше потребно подолго време да се обработат сите податоци за минатогодишните приходи на личностите од светот на музиката, но затоа резултатите кои беа објавени неодамна се толку прецизни што се изразени и во децимали, односно центи. Во коментарот се наведува дека оваа листа е уште еден доказ за тоа дека музичарите убедливо најмалку заработуваат од самата продажба на музиката – во сите случаи најголемиот процент од заработката се остварува пред сè на турнеи и настапи во живо. На оваа Top 40 Money Makers листа, Билборд ја пресмета само заработката која се однесува директно на продажбаата на музика или на заработката од авторските права и настапите во живо, исклучувајќи ги останатите приходи од разни спонзорства и други производи како што се гардероба, мобилна технологија или козметика.

Така, овогодишната „број 1“, Тејлор Свифт, од заработени околу 39 700 000 долари, дури 30 милиони се должат на нејзината успешна турнеја „Red“, додека сите изведувачи кои се најдоа на првите пет места (Кени Чесни, Џастин Тимберлајк, Бон Џови и Ролинг Стоунс) исто така се појавуваат и на врвот на листата за најуспешни турнеи во минатата година. Преку 75% од заработката која ја оствари Мајкл Бубле доаѓа од неговите настапи во живо, додека во случајот на Селин Дион тој процент е поголем од 90%. Интересно е тоа што групата Фиш (Phish) минатата година продаде само 52 000 примероци од своите албуми, но токму настапите во живо им ја обезбедија 25-тата позиција на оваа листа. Се наведува и дека „најмладите“ на овогодишната листа се Имеџин Дрегонс, кои се најдоа на 31-вото место, а комплетната листа Billboard Top 40 Money Makers можете да ја погледнете во продолжение.

  1. Тејлор Свифт – $39,699,575.60
  2. Кени Чесни – $32, 956,240.70
  3. Џастин Тимберлејк – $31,463,297.03
  4. Бон Џови – $29,436,801.04
  5. Ролинг Стоунс – $26,225,121.71
  6. Бијонсе – $24,429,176.86
  7. Mарун 5 – $22,284,754.07
  8. Лук Брајан – $22,142,235.98
  9. Пинк – $20,072,072.32
  10. Флитвуд Мек – $19,123,101.98
  11. Џастин Бибер – $18,873,458.41
  12. Бруно Марс – $18,839,681
  13. Уан Дајрекшн – $18,041,472.69
  14. Џејсон Олдин – $17,896,191.98
  15. Џорџ Стрејт – $16,002,761.63
  16. Џеј Зи – $15,652,428.82
  17. Мајкл Бубле – $14,478,084
  18. Мамфорд & Санс – $14,172,940.87
  19. Дејв Метјуз Бенд – $13,932,731.14
  20. Ријана – $13,794,186.16
  21. Пол Макартни – $13,769,479.16
  22. Иглс – $13,026,210.18
  23. Селин Дион – $12,755,539.71
  24. Транс-Сајбериан Оркестра – $12,473,798.20
  25. Фиш – $12,406,611.95
  26. Канје Вест – $11,574,833.92
  27. Блејк Шелтон – $10,349,774.77
  28. Џон Мејер – $10,010,017.17
  29. Њу Кидс он д Блок – $9,938,526.59
  30. Зак Браун Бенд – $9,888,213.32
  31. Имеџин Дрегонс – $9,448,031.68
  32. Џими Бафет – $9,404,015.71
  33. Елтон Џон – $9,369,224.53
  34. Раскал Флетс – $9,215,475.78
  35. Раш – $9,050,583.42
  36. Миранда Ламберт – $8,831,605.89
  37. Лил Вејн – $8,788,416.66
  38. Тим МекГро – $8,761,716.61
  39. Еминем – $8,524,782.99
  40. Кери Андервуд – $8,051,483.55


Врати се горе ↑