Свет Hip-Hop-Albums

7 јануари, 2013

Најочекувани хип-хоп албуми во 2013 година

Што се однесува на хип-хоп сцената, минатата година ја одбележаа дебитанти: Кендрик Ламар, Мик Мил и Ту Чеинз , макар што значајни изданија објавија и ветераните Нес, Рик Рос и Ти Ај, а Канје Вест не објави соло албум, туку ги израдува фановите со компилацијата „Cruel Summer“. Според музичкиот канал MTV, најочекуваните хип-хоп албуми кои треба да излезат оваа година се на:

Фифти Сент – Поминаа десет години од деби албумот „Get Rich or Die Tryin’“, а четири години од последното издание на популарниот рапер. Оваа година во февруари ќе биде објавен неговиот петти по ред студиски албум насловен „Street King Immortal“.

Биг Шон  – Еден од изведувачите кои снимаат за етикетата G.O.O.D. Music која е во сопственост на Канје Вест, ќе го објави неговиот втор албум „Hall of Fame“ во текот на 2013 година.

Дрејк  – Минатата година, Дрејк го промовираше албумот „Take Care“, се скара со колегата Крис Браун и се пресели од Торонто во Лос Анџелес. Оваа година можеме да го очекуваме неговиот трет албум.

Еминем – За новиот албум на раперот од Детроит за сега нема информации, освен нагодувања дека неговото ново издание ќе се појави во октомври.

Џеј Зи – Од најголемите рап могули во 2013 година можеме да го очекуваме новиот соло албум и вториот дел од албумот „Watch The Throne“.

Џеј Кол  – Синглот „Miss America“ го најавува вториот по ред студиски албум на овој рапер, а ќе биде насловен „Born Sinner“.

Канје Вест/G.O.O.D. Music – Иако е најавена компилацијата „Cruel Winter“, фановите нетрпеливо го очекуваат и неговото соло издание.

Лил Вејн – Иако беше најавен за 2012, албумот „I Am Not a Human Being II“ ќе биде објавен оваа година.

Извор: MTV



Врати се горе ↑