Аудио bb

6 септември, 2017

Најновото од „Браво бенд“ звучи „Нај, нај“

По мегаколекцијата од видеа со 21 преработка на светски познати поп-рок хитови, актуелни регионални песни и македонски хитови, сублимирани во 16 видеоснимки, момците од „Браво бенд“ ја промовираат најновата песна насловена „Нај, нај“.

Како што најавија неодамна, веќе подготвуваат уште неколку нови авторски песни потпишани од  членовите на бендот, а таков е случајот и со најновата „Нај, нај“, чија музика и текст се на пејачот и басист Кире Денов, додека аранжманот и продукцијата се во соработка со Горан Гешовски.

Аудио верзијата „Браво бенд“ ја промовираа деновиве преку социјалните мрежи и интернет каналот Јутјуб и на своите обожаватели им понудија нешто поразлично и модерно во електронска верзија.

„Веруваме ќе ви се допадне нашата нова авторска тема насловена ’Нај, нај’, засега во аудио верзија, но за брзо време и со видео спот“, напишаа на официјалната страница на Фејсбук, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑