Свет 2842838584_110bcce9be_o

10 ноември, 2012

Најн Инч Неилс подготвуваат нов материјал

Трент Резнор, фронтменот на бендот Најн Инч Неилс, изјавил дека групата подготвува нов материјал, а размислувал и за настапи во живо. Иако бендот ја одржа последната турнеја во 2009 година, Резнор се изјаснил дека никогаш не рекол дека не постои можност бендот да ја продолжи соработката.

Изминатите неколку години, Резнор е познат како композитор на филмска музика, најмногу како соработник на режисерот Дејвид Финчер (Социјална мрежа, Мажи кои ги мразат жените), а со неговата сопруга Марикуин Маандиг и композиторот Атикус Рос креира музика во рамките на проектот „How to Destroy Angels“.

 



Врати се горе ↑