Концерт

16 април, 2018

Најголемото шоу за „Пинк флојд“ – „Брит флојд“ на 14 ноември во Скопје

„Авалон продукција“ со голема радост, возбуда и задоволство ве известува дека по настапите пред повеќе од милион фанови низ целиот свет, на 14 ноември со почеток во 20.30 часот, во ВИП арената „Борис Трајковски“ ќе имаме можност да уживаме во нешто што е многу повеќе од најдоброто шоу во чест на легендарните „Пинк флојд“ (Pink Floyd).

„Брит флојд“ (Brit Floyd) се посветени на тоа да го оживеат „Пинк флојд“ во секоја нота и секој потег, поради што заслужено се сметаат за нешто најблиску до познатиот бенд. Во Скопје носат исклучително прецизен музички перформанс придружен од неверојатно оргинално видео и анимација на препознатлива бина со пинк-флојдовскиот лак и светлосен круг, па затоа подгответе се за совршено аудио и визуелно доживување на легендарните песни од „The Piper at the Gates of Dawn“ па сè до „Division Bell“. 

 

Се разбира, со заслужен третман ќе биде изведен и на сите омилениот албум „Wish You Were Here“, како и легендарниот „The Dark Side of the Moon“, кој оваа година слави 45 години.

Од „Авалон“ нагласуваат дека „Брит флојд“ доаѓа со своја продукција: звук, светло и видео, а сите детали околку влезниците ќе бидат познати вечерва.



Врати се горе ↑