Свет

15 март, 2018

Најголемите музички ѕвезди ќе пеат на новите албуми на Елтон Џон

Музичкото партнерство на британската ѕвезда Елтон Џон и авторот Берни Топин ќе биде крунисано со два албума, на кои неговите најголеми хитови ќе ги изведат едни од најзвучните имиња на светската музичка сцена. Интересно е тоа што двете изданија се и жанровски поделени врз основа на изведувачите, така што на првиот од нив насловен „Revamp“ ќе запеат поп и рок-уметници, а на вториот, „Restoration“, песните ќе ги изведат кантри-музичари. И двата албума се закажани за 6 април.

Секако дека поголемо внимание ќе привлече првиот, на кој се најде малку поѕвездена екипа. Имено, Лејди Гага ја препеала познатата „Your Song“, а Мајли Сајрус направила своја верзија на „Don’t Let The Sun Go Down On Me“, додека Пинк учествува во единствената песна каде што ќе пее и самиот Елтон Џон, „Bennie And The Jets“, во која гостува и раперот Лоџик.

Ѕвездениот список на гостувања ги содржи и имињата на: Сем Смит, Ед Ширан, „Колдплеј“, „Килерс“, Алесија Кара, „Флоренс енд д машин“, Мери Џеј Блајџ и Деми Ловато. Имајќи го предвид кантри-потеклото на Мајли, таа има чест да учествува и на двата албума, а нејзиниот придонес за вториот албум е преработката на „The Bitch Is Back“. Исто така, таа имаше заеднички настап со Елтон и на годинашното доделување на Греми.

 

„Секогаш е огромен комплимент кога еден уметник ја сака твојата песна доволно за да најде време и труд да ја преработи“, изјавил Елтон. „Како автори, Берни и јас сме воодушевени кога пејачите на кои им се восхитуваме и ги почитуваме исто колку и оние на ’Revamp & Restoration’, ќе одберат да го дадат својот уникатен печат во процесот. Тоа значи дека нашата музика сè уште е релевантна и дека нашите песни продолжуваат да си го наоѓаат својот пат до нова публика. Почестени сме и благодарни на сите за нивната великодушност“, додал тој.

Освен двата нови албума, на 70-годишната легенда му беше оддадена чест и во рамките на годинашниот Греми-поздрав „Elton John: I’m Still Standing – A Grammy Salute“, чија телевизиска премиера е закажана за 10 април на американскиот канал Си-Би-Ес (CBS). Освен дел од ѕвездите што учествуваа на новите албуми, на овој настан запеаја уште и Шон Мендес, Сиза, Кеша, Џон Леџенд и многу други. Видео-најавата за концертот погледнете ја во продолжение, а подолу Ве очекува и списокот со песни и изведувачи од новите албуми.

 

 

Revamp:

1. Bennie and The Jets – Елто Џон, Пинк и Лоџик

2. We All Fall In Love Sometimes – Колдплеј

3. I Guess That’s Why They Call It The Blues – Алесија Кара

4. Candle In The Wind – Ед Ширан

5. Tiny Dancer – Флоренс енд д машин

6. Someone Saved My Life Tonight – Мамфорд енд санс

7. Sorry Seems To Be The Hardest Word – Мери Џеј Блајџ

8. Don’t Go Breaking My Heart – Кју Тип и Деми Ловато

9. Mona Lisas And Mad Hatters – Килерс

10. Daniel – Сем Смит

11. Don’t Let The Sun Go Down On Me – Мајли Сајрус

12. Your Song – Лејди Гага

13. Yellow Brick Road — Квинс оф д стоун ејџ

Restoration:

1. Rocket Man – Литл биг таун

2.  Mona Lisas And Mad Hatters – Марен Морис

3.  Sacrifice – Дон Хенли и Винс Гил

4.  Take Me To The Pilot – Брадрс Озборн

5.  My Father’s Gun – Миранда Ламберт

6.  I Want Love – Крис Стејплтон

7.  Honky Cat – Ли Ен Вомак

8.  Roy Rogers – Кејси Масгрејвс

9.  Please – Ронда Винсент и Доли Партон

10. The Bitch Is Back – Мајли Сајрус

11. Sad Songs (Say So Much) – Диркс Бентли

12. This Train Don’t Stop –  Розен Кеш и Емилу Харис

13. Border Song – Вили Нелсон



Врати се горе ↑