Настани 16508918_1316638648383100_4202094490095736531_n

26 февруари, 2017

Најголемите хитови на 11 март во „Борис Трајковски“

18. по ред издание на „Најголемите хитови“, овој пат во знакот на омилените теми од изминативе 25 години, ќе се одржи на 11 март во ВИП арената „Борис Трајковки“. Секој од 18-те македонски диџеи што ќе настапат на настанот,  ќе сврти барем по една песна која според себе е најголемиот хит на сите времиња.

Првиот диџеј сè уште не е објавен бидејќи за него ќе гласа публиката, а организаторите сакаат да му дадат шанса на некој нов диџеј што би сакал да настапи на овој настан. Повеќе детали околу овој избор, како и за веќе најавените учесници дознајте на Фејсбук.

Билетите се веќе во претпродажба по цена од 200 денари во „½ Југотон“ и мрежата на „Купи карти за сè“ низ сите градови во Македонија.



Врати се горе ↑