Видео miley-katy-robin

8 декември, 2013

Најгледаните видео записи за 2013 година се…

Како што се наближува крајот на годината, полека се заокружуваат листите на тоа што годинава привлече најголемо внимание од светот на музиката. Самите песни се една, но нивните видео изданија се сосема друга работа, па така годинава на врвот на листата од 10-те најгледани видео записи на платформата VEVO со дури два видео записа се најде американската пејачка Мајли Сајрус, која беше решена да се ослободи од стариот имиџ на Дизни ѕвездата Хана Монтана, па направи коренити промени и во својата музика и во својот изглед.

Сајрус го освои врвот на оваа листа со видео записот за вториот сингл „Wrecking Ball“од нејзиниот четврт студиски албум насловен „Bangerz“. И покрај тоа што станува збор за одлична балада која доби и бројни преработки, сепак поверојатно е дека бројката од преку 390 милиони прегледи се должи на нејзиното скандалозно однесување. На второто место на оваа листа е визуализацијата на првиот сингл од горенаведеното издание, темата „We Can’t Stop“.

На листата очекувано се најдоа и хитовите на Ријана која исто така е присутна со две видео изданија, Бритни Спирс и Вил Ај Ем, Кејти Пери, Робин Тик со Фарел и Ти Ај, Пинк и други. Најдобрите десет видео записи од оваа листа можете да ги погледнете во продолжение.

1. Мајли Сајрус – Wrecking Ball

 

2. Мајли Сајрус – We Can’t Stop

 

3. Бритни Спирс и Вил Ај Ем – Scream & Shout

 

4. Ријана – Diamonds

 

5. Кејти Пери – Roar

 

6. Пинк и Нејт Руес – Just Give Me A Reason

 

7. Робин Тик, Фарел Вилијамс и Ти Ај – Blurred Lines

 

8. Ријана и Мики Еко – Stay

 

9. Ноти Бој и Сем СмитLa la la

 

10. Уан ДајрекшнKiss You

 



Врати се горе ↑