Свет Gotye - Somebody That I Used To Know chords

17 февруари, 2013

Најемитуван видео запис за 2012 година

Ако сте добиле впечаток дека во текот на минатата 2012 година на секој чекор сте ја слушале песната „Somebody That I Used To Know“ од Готје и Кимбра, сте биле сосема во право. Оваа песна била најеминувана на дури 60 MTV канали ширум светот.

MTV Video Play Awards Top 50 наградата оддава почест на изведувачите со најемитувани видео записи ширум глобалната мрежа на музичкиот канал MTV. За да се одредат добитниците на наградата, 60 MTV канали од сите краеви на светот ги дадоа податоците за најчесто емитуваните видео записи во периодот од 1-ви јануари до 31-ви декември 2012 година.

Покрај Готје и Кимбра, двојна платинеста награда освоија Карли Ре Џепсен и Фан за нивните синглови „Call Me Maybe“ и „We Are Young“ во соработка со Џанел Моне.  Фан исто така овоија платинеста награда за синглот „Some Nights“, а повеќе од една награда освоија меѓу другите и Марун 5 за „Payphone“ со Виз Калифа и „One More Night“, Кејти Пери за „Wide Awake“ и „Part Of Me“, Ријана за „Where Have You Been“ и „We Found Love“, Дејвид Гета за „Titanium“ со Сиа и „Turn Me On“ со Ники Минаж.

Најдобрите 50 видео записи се емитувани вкупно повеќе од 550 000 пари на 60-те канали на МTV (не сметајќи ги сите американски MTV канали). Трите видео записи кои освоија двојна платинеста награда, секој од нив е емитуван по повеќе од 20 000 пати, 25 видео записи достигнаа платинест статус со повеќе од 10 000 емитувања (секој од нив), а уште 22 видео записи достигнаа златен статус со повеќе од 5 000 емитувања.

 

 

 



Врати се горе ↑