Македонија spek-tose

5 јануари, 2013

„Најдоброто од Тоше Проески“ на неговиот роденден

Сите добро го знаеме датумот на раѓање на нашиот Тоше Проески, а тоа е 25-ти јануари. Годинава, на овој ден кога тој би наполнил 32 години, ќе биде промовиран албумот „Најдоброто од Тоше Проески“ (Best of Toshe Proeski)  кој ќе содржи 16 хитови, меѓу кои и една нова песна со наслов „Све је ово премало за крај“, пишува Дневник. Автор на музиката и текстот на новата композиција е Јелена Труфуновиќ, а аранжманот го изработи Никша Братош.

„Песната е снимена во 2006 година, во домашното студио на Тоше. Таа е само дел од богатото музичко наследство што го остави во своето студио. Аранжманот на „Све је ово премало за крај“ го изработи Никша Братош, најдобриот продуцент и аранжер на Балканот. Тој работи и на новите песни на Тоше, кои ги создаде во текот на својот живот“ – изјавил Славен Ристоски од „Фондацијата Тоше Проески“.

„Best of Tose Proeski“ е дигипакт-издание, а на обвивката и на задниот дел ќе има досега необјавени фотографии на поп-пејачот. Дел од композициите на изданието се „Боже чувај ја од зло“, „По тебе“, „Још увјек сањам да смо заедно“, „The Hardest Thing, „Ден за нас“, „Наслони главу“ и други.

„Тешко беше да се одберат најдобрите хитови бидејќи во својата кариера Тоше отпеа многу песни што се хитови. Секоја од нив остави печат во неговата музичка активност. Публиката ги сакаше сите негови нумери, а доказ за тоа беа и концертите на кои таа од прв до последен момент пееше заедно со него“ – појаснува Ристоски.

Промоцијата на албумот ќе се одржи на 25-ти јануари, во Спомен-куќата во Kрушево. Таа ќе биде отворена за претставниците на медиумите, а и за неговите обожаватели што тој ден ќе го посетат вечното живеалиште на поп-ѕвездата. Овој албум е петто издание кое „Фондацијата Тоше Проески“ постхумно го објави во јавноста. Досега беа промовирани албумите „The Hardest Thing“ (2008), „Тоше и пријателите“ (2009), „Со љубов од Тоше“ (2010) и синглот „Kрушево“, кој се појави во 2011 година.

Во текот на 2013 година во план е фондацијата да реализира уште неколку проекти за продолжување на ликот и делото на Тоше Проески.

Извор: Дневник

 



Врати се горе ↑