Концерт 90s-bg

10 септември, 2014

Најдоброто од деведесеттите: „Ејс оф бејс“, „Калчр бит“, „Ла буш“ и многу други со заеднички концерт во Белград!

Еден од најголемите музички настани годинава и убедливо најголемиот собир на најпопуларните изведувачи на денс музиката кој е организиран во Европа, па со самото тоа и најголемиот тематски настан кога се во прашање деведесеттите години, концертот насловен „Најдоброто од деведесеттите“ ќе се одржи на 11 октомври во белградската „Комбанк арена“.

„Rhythm Is a Dancer“, „Pump Up The Jam“, „No Limit“, „Everybody Dance Now“, „All That She Wants“, „Informer“, „Be my Lover“, „Mr. Vain“ се само дел од незаборавните хитови од деведесеттите години кои за прв пат ќе имате можност да ги слушнете во живо на едно место! „Снеп“, „Ту анлимитед“, „Ејс оф бејс“, „Сноу“, „Ла буш“, „Калчр бит“ и „Си+Си мјузик фектори“, сите тие на 11 октомври доаѓаат во белградската „Комбанк арена“, каде што ќе направат незаборавна забава за сите посетители!

Информации за влезници и продажни места каде што можат да се набават можете да дознаете на веб страните: www.komb аnkarena.com и www.eventim.rs 

 



Врати се горе ↑