Аудио maxresdefault

28 јануари, 2016

Најдобрите песни наградени со Оскар (8)

Во рамките на оскаровската ретроспектива, деновиве се потсетуваме на сите теми што во текот на годините биле наградени со престижната златна статуетка во категоријата „Најдобра оригинална песна“. За тоа кога била воведена оваа категорија и кои се условите и правилата што треба да ги исполнува една песна за да биде номинирана, можевте да прочитате во првиот дел од оваа рубрика, во чии рамки ги сместивме и првите десет песни од 1934-1944 година, од 1945-1954 ќе ги најдете во вториот дел, од 1955-1964 во третиот дел, од 1965-1974 година во четвртиот дел, 1975-1984 во петтиот дел, а 1985-1994 во шестиот и 1995-2004 во седмиот дел.

За самиот крај ги оставивме песните што ја освоија златната статуетка во изминативе 10 години, а за кои теми станува збор, потсетете се во продолжение. Уживајте!

 2005 – It’s Hard out There for a Pimp (Суета и движење) / автори: Џуси Џеј, Фрејзер Бој и диџеј Пол / изведувачи: „Три сикс мафиа“ и Тараџи П. Хенсон

 

2006 – I Need to Wake Up (Неудобна вистина) / автор и изведувач: Мелиса Етериџ

 

2007 – Falling Slowly (Еднаш) / автори и изведувачи: Глен Хансард и Маркета Ирглова

 

2008 – Jai Ho (Мили0нер од гетото) / автори: Ала-Рака Раjман и Гулзар / изведувач: А.Р. Рајман

 

2009 – The Weary Kind (Лудо срце) / автори: Рајан Бингам и Ти-боун Барнет / изведувач: Рајан Бингам

 

2010 – We Belong Together (Приказна за играчките 3) / автор и изведувач: Ренди Њуман

 

2011 – Man or Muppet (Мапетовци) / автор: Брет Мекензи / изведувачи: Џејсон Сигал, Питер Линц, Бил Барета и Џим Парсонс

 

2012 – Skyfall (Скајфол) / автори: Адел Адкинс и Пол Епворт / изведувач: Адел

 

2013 – Let It Go (Снежно кралство) / автори: Кристен Андерсон-Лопез и Роберт Лопез / изведувач: Идина Мензел

 

2014 – Glory (Селма) / автори и изведувачи: Комон и Џон Леџенд

 

2015… ќе дознаеме на 28 февруари, а на номинираните во сите категории потсетете се овде. Се надеваме дека уживавте со оваа оскаровска ретроспектива на најдобрите оригинални песни, а доколку сакате да се потсетите и на сите песни на годината наградени со Греми, продолжете на овој линк.

И.Ј.

 



Врати се горе ↑