Аудио maxresdefault

27 јануари, 2016

Најдобрите песни наградени со Оскар (7)

Во рамките на оскаровската ретроспектива, деновиве се потсетуваме на сите теми што во текот на годините биле наградени со престижната златна статуетка во категоријата „Најдобра оригинална песна“. За тоа кога била воведена оваа категорија и кои се условите и правилата што треба да ги исполнува една песна за да биде номинирана, можевте да прочитате во првиот дел од оваа рубрика, во чии рамки ги сместивме и првите десет песни од 1934-1944 година, од 1945-1954 ќе ги најдете во вториот дел, од 1955-1964 во третиот дел, од 1965-1974 година во четвртиот дел, 1975-1984 во петтиот дел, 1985-1994 во шестиот дел, а сега продолжуваме со втората половина од деведесеттите и првите години од 21. век.

Во оваа декада повторно доминираат теми од анимирани филмови, а кои песни триумфирале од 1995 до 2004 година слушнете во продолжение. За секоја тема наведени се годината, насловот на песната и филмот, авторите и изведувачите. Уживајте!

1995 – Colors of the Wind (Покахонтас) / автори: Алан Менкен и Стивен Шварц / изведувач: Џуди Кјун

 

1996 – You Must Love Me (Eвита) / автори: Ендру Лојд Вебер и Тим Рајс / изведувач: Мадона

 

1997 – My Heart Will Go On (Титаник) / автори: Џејмс Хорнер и Вил Џенингс / изведувач: Селин Дион

 

1998 – When You Believe (Принцот од Египет) / автори: Стивен Шварц / изведувачи: Мишел Фајфер и Сели Дворски (во филмот); Мараја Кери и Витни Хјустон

 

1999 – You’ll Be In My Heart (Тарзан) / автор и изведувач: Фил Колинс

 

2000 – Things Have Changed (Чудо од деца) / автор и изведувач: Боб Дилан

 

2001 – If I Didn’t Have You (Чудовишта) / автор: Ренди Њуман / изведувачи: Џон Гудман и Били Кристал

 

2002 – Lose Yourself (8. милја) / автори: Еминем, Џеф Бас и Луис Ресто / изведувач: Еминем

 

2003 – Into The West (Господар на прстените: Враќањето на кралот) / автори: Френ Волш, Хауард Шор и Ени Ленокс / изведувач: Ени Ленокс

 

2004 – Al otro lado del río (Моторџиски дневници)автор и изведувач: Хорхе Дрекслер

ШЕСТИ ДЕЛ     ОСМИ (ПОСЛЕДЕН) ДЕЛ

 



Врати се горе ↑