Свет maxresdefault

26 јануари, 2016

Најдобрите песни наградени со Оскар (6)

Во рамките на оскаровската ретроспектива, деновиве се потсетуваме на сите теми што во текот на годините биле наградени со престижната златна статуетка во категоријата „Најдобра оригинална песна“. За тоа кога била воведена оваа категорија и кои се условите и правилата што треба да ги исполнува една песна за да биде номинирана, можевте да прочитате во првиот дел од оваа рубрика, во чии рамки ги сместивме и првите десет песни од 1934-1944 година, од 1945-1954 ќе ги најдете во вториот дел, од 1955-1964 во третиот дел, од 1965-1974 година во четвртиот дел, 1975-1984 во петтиот дел, а сега продолжуваме со втората половина од осумдесетитте и почетокот на деведесеттите.

Во оваа декада доминираат темите од Дизниевите анимирани филмови, а кои песни триумфирале од 1985 до 1994 година слушнете во продолжение. За секоја тема наведени се годината, насловот на песната и филмот, авторите и изведувачите. Уживајте!

1985 – Say You, Say Me (Бели ноќи) / автор и изведувач: Лајонел Ричи

 

1986 – Take My Breath Away (Топ ган) /автори: Џорџо Мородер и Том Витлок / изведувач: „Берлин“

 

1987 – (I’ve Had) The Time of My Life (Валкан танц) / автори: Френки Превит, Џон ДеНикола и Доналд Марковиц / изведувачи: Бил Медли и Џенифер Ворнс

 

1988 – Let the River Run (Вработена девојка) / автор и изведувач: Карли Сајмон

 

1989 – Under the Sea (Малата сирена) / автори: Алан Менкен и Хауард Ешмен / изведувач: Семјуел И. Рајт

 

1990 – Sooner or Later (I Always Get My Man) (Дик Трејси) / автор: Стивен Сондхајм / изведувач: Мадона

 

1991 – Beauty and the Beast (Убавицата и ѕверот) / автори: Алан Менкен и Хауард Ешмен / изведувач: Анџела Ленсбери (Селин Дион и Пибо Брајсон)

 

1992 – A Whole New World (Аладин) / автори: Алан Менкен и Тим Рајс / изведувачи: Бред Кејн и Леа Салонга

 

1993 – Streets of Philadelphia (Филаделфија) / автор и изведувач: Брус Спрингстин

 

1994 – Can You Feel The Love Tonight (Кралот лав) / автори: Елтон Џон и Тим Рајс / изведувачи (во филмот): Кристл Едвардс, Џозеф Вилијамс, Сели Дворски, Нејтан Лејн и Ерни Сабела / Елтон Џон

…ПЕТТИ ДЕЛ      СЕДМИ ДЕЛ…

 



Врати се горе ↑